Како технологијата помага за здравје и добросостојба

Научете како комбинацијата од технологија и апликации може да ви помогне да бидете во тек со здравјето, да поставите здравствени цели, па дури и да ја подобрите општата добросостојба.

Паметниот телефон има одлики кои можат да ви помогнат со здравјето. Вашиот паметен телефон може:

  • да ги користи неговите сензори за да детектира нешта како што се чекори, срцев ритам, спиење и друго
  • да врши вграден пакет апликации кои можат да ја следат вашата активност и да ви даваат предлози за постигнување на здравствените цели
  • да врши други апликации за здравје кои можете да ги преземете од продавницата за апликации за вашиот телефон
  • да се поврзе со паметен часовник за да го прави следењето на здравје попрецизно.
Интернет-страница на Service NSW
Вашиот паметен телефон ќе ве советува како да останете здрави, но овој совет не треба да го замени советот што ви го дава вашиот лекар. Користењето на апликација за здравје не претставува замена за редовна лекарска проверка од вашиот матичен лекар.

Како функционира технологијата за следење

Можете да го следите вашето здравје на паметниот телефон користејќи комбинација од хардвер и апликации. Еве како функционира:

  • сензорите на вашиот телефон, или ако изберете часовник, собираат податоци за здравјето
  • апликацијата за здравје ги анализира овие податоци и ги презентира на екранот на начин што имаат смисла
  • различни апликации се фокусираат на различни аспекти на здравјето, како што се трчање, губење тежина или јога
  • паметниот часовник има свои сензори и се носи во близина на кожата за да може да биде попрецизен
  • податоците од паметниот часовник се пренесуваат безжично на вашиот телефон
  • апликациите го следат и евидентираат вашиот напредок со текот на времето, како на пример, едне дневник за здравје
  • голем број апликации исто така обезбедуваат корисни совети за постигнување на здравствените цели.

Каква здравствена технологија е достапна?

Можете да почнете со здравје и добросостојба користејќи го само вашиот паметен телефон, но може да ви бидат корисни и други уреди:

  • еден паметен часовник може да ја подобри прецизноста на здравствените податоци и да ве потсетува да вежбате или само да почнете да се движите
  • паметните часовници се исто така наречени часовници за фитнес, часовници за трчање или уреди за следење на здравје
  • достапни се ваги во купатилата со безжична конекција со вашиот телефон, па податоците за тежина се вклучуваат автоматски во вашиот здравствен профил
  • на овие уреди им е потребна апликација за да ги осмислува податоците и на нивното пакување се наведува со кои апликации соработуваат.

Како апликациите и облакот можат да ви помогнат со здравјето

Уредите и апликациите можат да се поврзат меѓусебно и да споделуваат информации (податоци) преку облакот. Ова значи дека можете да се наоѓате надвор и да вежбате, и таа активност ќе се евидентира во вашиот здравствен профил, дури и кога не сте дома.

  • На вашата апликација за здравје ѝ треба сметка за да ги чува податоците собрани за вас.
  • Вклучениот пакет апликации на вашиот телефон со Android или iPhone ја користи вашата сметка на Google или ИД на Apple.
  • Ова значи дека вашите здравствени информации се чуваат на безбедно место со истата лозинка што ја употребувате за да се најавите на телефонот.
  • Други апликации за здравје може да ви побараат да создадете самостојна сметка, или може исто така да работаат со сметката на телефонот.
  • Пакетот апликации за здравје може да ги постави вашите податоци во облакот за да можете да ги гледате на друг уред, или во интернет-прегледувачот на компјутерот.
  • Овие апликации најдобро работаат кога го носите телефонот со вас или кога косите паметен часовник во опсег на Bluetooth конекцијата на вашиот телефон.

Пакетот апликации за здравје ја користи батеријата на вашиот телефон, па можеби ќе треба да го полните почесто. Пакетот апликации за здравје што се поврзува со облакот ќе искористи дел од пакетот со мобилни податоци, но не грижете се, ќе искористи само мала количина.

Апликациите за здравје можат да ве мотивираат

Почитувањето на планот за здравје може да биде тешко, особено ако има комплицирани правила и распореди. Пакетот апликации за здравје може да ви помогне да бидете во тек со сите нив и да останете мотивирани:

  • апликациите за здравје ве потсетуваат редовно да станувате и да се движите наоколу
  • можете да поставите здравствени цели, како што е бројот на чекори во текот на еден ден
  • апликацијата ќе ве поттикнува да „продолжите“ ако се наоѓате блиску до постигнување на некоја дневна цел
  • апликациите за здравје не ве критикуваат што сте пропуштиле некоја цел или ако сте заборавиле некоја вежба, тие користат позитивно охрабрување
  • апликацијата за здравје може да се поврзи со паметен часовник и некои паметни екрани за да го следи спиењето, коешто може да претставува еден важен дел од здравјето со кој не можете да управувате сами
  • паметните часовници се одлични алатки, но може да бидат скапи и можеби ќе сметате дека не е практично да ги полните често.